Соопштение за јавност
По признанието на високи партиски функционери во случајот Титаник оставки треба да поднесат сите актуелни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои биле дел од раководството во тоа време.
Поточно, пратениците Александар Николоски, Антонијо Милошоски, Владо Мисајловски и Игор Јанушев како блиски соработници на Никола Груевски во време кога се кршеле закони, се злоупотребувале пари на граѓаните, се вршело поткуп и други изборни нерегуларности.
Овие пратеници треба да се повлечат од политиката и да преземат морална одговорност заради достоинство на функцијата народен претставник, за да не ја злоупотребуваат позицијата и да го блокираат Собранието само за да се спасат од одговорност, но и да не се врши притисок врз независни судски органи.
Едно е јасно, ВМРО-ДПМНЕ останува непроменето, тоа е истата режимска партија водена од двоецот Мицкоски – Груевски.