Соопштение за јавност
Градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ освен што искажаа 1.000 лаги ништо не работат три месеци откако граѓаните им ја дадоа довербата.
100 дена беа доволни за да се покажат и докажат како најслаби градоначалници во историјата.
Партизација на општинските администрации, изземање од одговорност, игнорирање на проблемите, оправдувања за неработа, трошење пари на луксуз не е работење во интерес на граѓаните.
Требаше 100 дена да поминат за оваа партија да си го покаже вистинско лице во општините, ниту еден проект нема за граѓаните.
Не поминува ден,а градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ да немаат некакви барања и покрај тоа што ниедно не е во интерес на граѓаните во општините.
Кога градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ без проблем обезбедиле пари за вдомување на партиски кадри, обезбедиле пари за апетисани и пијалоци за коктели, можат сами да си ги платат сметките во општините.
Граѓаните не заслужуваат вакви неодговорни градоначалници да им ги уназадуваат општините.