fbpx

Арсовска ја покрива својата неспособност, проектот за Универзална сала е стручен

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Анжелика Апсис, советничка во Советот на Град Скопје

Данела Арсовска денеска изнесе голем број невистини за проект кој не засега сите Универзална сала.

Арсовска го стопираше проектот за иградба на Универзална сала за кој владата обезбеди 2 милиони евра.

После двомесечен молк за причините заради кои го стопирала проектот, денес излезе со целосна невистина во јавноста.

Не е точно дека проектот за изградба на Универзална сала е небезбеден. Проектот е професионално сработен и одобрен низ повеќе постапки од стручни лица и целосно е безбеден.

Самиот проект уште на почетокот е пратен на мислење на Градежен факултет од каде е одобрен и тоа одобрвуање Град Скопје го има.

Понатаму, Пратен и одобрен е и од Институтот за сеизмолошки истражувања со што се потврдува неговата безбедност и стабилност за градба.

Надзорот на изградбата ги има исто така одобрено сите градежни зафати. Не постои ниедна постапка или процедура за изградба на Универзална сала која не е запазена во целост.

Записници за технички решенија во тек на градба не се и не може „градежен безбедносен проблем“ да бидат оправдување за неспособноста на Арсовска.

Престанете со сите овие невистини. Скопјани веќе го изгубија трпението. Треба да го сработите тоа за кое сте избрани.

Последни вести