Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ сака хаосот во Собранието да продолжи, да не работата комисиите, сака сите закони, кои што се носат за граѓаните да бидат запрени, да не се носат, порача при реплика од собраниската говорница, пратеникот на СДСМ Дарко Каевски.
Тој нагласи дека опозицијата од друга страна продава лицемерие и наводна загриженост за граѓаните и зборува за криминал.
Велите криминал, нели ви е срам да зборувате за криминал, кога пред месец дена раководството на ВМРО-ДПМНЕ, од ваше време, призна дека правело криминал, сте краделе пари, како политичка партија сте манипулирале со избори, сте правеле најголеми злоупотреби, тоа го признаа поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, признаваат дека го направиле најголемиот криминал, нагласи Каевски.
Тој наведе дека подолго време се настојува да се најде заеднички јазик со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, но единствено се добива непочитување и продолжување на кочници во собранието, неработење на комисиите.
Чесно излезете од говорницата и кажете им на граѓаните: Не сакаме да функционираат комисиите, не сакаме да се носат закони кои се во интерес на граѓаните, ги повика пратеникот на СДСМ Дарко Каевски, пратениците од опозицијата во Собранието.