Соопштение за јавност – реакција на прес-конференцијата на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ
Наместо конкретни предлози и идеи ВМРО-ДПМНЕ ја користи секоја криза за да шири паника преку лажни вести.
Таква е и денешната прес-конференција на Цветан Трипуновски полна со лаги и невистини.
Граѓаните да бидат спокојни, државата има задоволителна количина прехранбени производи, меѓу кои и пченка и пченица.
Институциите продолжуват со снабдување на државните резерви а се разгледуваат и евентуалните потреби за дополнително зајакнување на динамиката на резерви.
Ситуацијата се следи редовно и внимателно, граѓаните да не подлегнуваат на манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ кои освен по штета на интересите на граѓаните и државата ништо друго и не прави.