fbpx

Мицкоски да не се крие зад партиски соопштенија туку да одговори кој е неговиот став за тоа што неговиот партнер Левица ја поддржува агресијата врз Украина

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

Христијан Мицкоски денеска не одговори за тоа што неговиот коалициски партнер, партијата Левица, во Собранието гласаше против Декларацијата за осуда на рускиот напад врз Украина.

Наместо да се крие зад празни партиски соопштенија на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски да излезе јавно и да одговори:

Кој е неговиот став за поддржувањето на воената агресијата на Русија врз Украина од страна на Левица?

Затоа ли самиот Мицкоски ги оправдува сите што ја поддржуваат воената агресија, во своите јавни настапи?

Левица е коалициски партнер на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и на локално ниво во многу општини.

Пратениците од оваа партија која заедно со ВМРО-ДПМНЕ го блокира Собранието, вчера гласаа против Декларацијата а во јавните настапи отворено ја поддржуваат руската агресија врз Украина, што е спротивно на државите и националните интереси.

Последни вести