Соопштение за јавност – реакција на изнесени ставови на Христијан Мицкоски
Празни зборови и лицемерие на Христијан Мицкоски.
Додека тој на јавни настапи глуми загриженост за економскиот стандард на граѓаните, во реалноста градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, во време на криза, ги крчмат општинските буџети на партиски вработувања и непродуктивни трошоци.
Да не беше лицемер, Мицкоски ќе им кажеше на своите градоначалници, парите кои ги намениле за партиски вработувања и расипнички набавки од стотици илјади евра, да ги пренаменат за потребите на граѓаните.
Може да почне со Орце Ѓорѓиевски и да ги пренамени стоте илјади евра за авторски договори, Данела Арсовска да пренамени 670.000 исто наменети за партиски вработувања, Тимчо Муцунски 38.000 евра од набавката за компјутери, а ако веќе веќе не се изедени чоколадите, Александар Стојковски да ги врати оние 6.000 евра во општинскиот буџет.
Мицкоски не може да се помири со тоа што мерките на Владата предводена од СДСМ вредни 400 милиони евра даваат резултати, додека неговите градоначалници кои се жалат на празни општински буџети се фрлени на расипништво и вдомување партиски кадри.
Има разлика.