Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски молчи за скандалозните договори на градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски кој го крчми буџетот на општината на блиски луѓе, партиски соработници и на медиумски гласници на ВМРО-ДПМНЕ.
Во време на криза, кога општината се жали дека нема пари да плаќа струја и парното, Ѓорѓиевски ќе потроши 100.000 евра за вдомување на свои блиски луѓе.
Да не беше лицемер, Мицкоски ќе му кажеше на својот градоначалник парите кои ги наменил за партиски вработувања и непродуктивни трошоци да ги пренамени за потребите на граѓаните.
Мицкоски не може да се помири со тоа што мерките на Владата предводена од СДСМ вредни 400 милиони евра даваат резултати, додека неговите градоначалници кои се жалат на празни општински буџети се фрлени на расипништво и вдомување партиски кадри.