Соопштение за јавност – реакција на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски очигледно се збунети од ефикасноста на антикризните мерки на Владата предводена од СДСМ.
Цените на горивата во регионот и постојаниот раст додека единствено во Северна Македонија тие се намалуваат ги демантираат празните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ.
Истата таа ВМРО-ДПМНЕ кога цените на горивата беа со нагорен тренд, ја обвинуваа Владата за покачувањето, а денес кога тие се намалуваат велат дека тоа било поради цените на светските берзи.
Шокантно е колку ВМРО-ДПМНЕ е збунета од ефикасноста и успешноста на антикрзните мерки кои доведоа до намалување на цените на горивата, но и на основните прехранбени продукти.