fbpx

Цените на храната стабилни, на горивото се намалуваат, СДСМ го штити стандардот на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Приоритет на Владата предводена од СДСМ во време на најголемата глобална криза е заштита на стандардот на граѓаните и ликвидноста на стопанството.

Антикризниот пакет од 26 мерки веќе дава видливи резултати.

Со укинување на ДДВ, цените на основните производи остануваат стабилни. ДДВ од 0% има за леб, брашно тип-400, млеко со масленост од 2%, од 3,2 и 3,5%, бел шеќер, сончогледово масло, месо и други кланични производи за јадење, бел ориз и јајца.

Додека насекаде низ регионот цените на горивата растат, кај нас се намалуваат.

Благодарение на намалувањето на ДДВ и на акцизата, нашите граѓани точат нафтени деривати по најниски цени во регионот.

Дополнително се намалени цените на бензините за два денари по литар, а цената на дизелот е намалена за три денари.

СДСМ како одговорна партија продолжува со реализација на мерки и политики кои го заштитуваат стандардот на граѓаните и обезбедуваат економска стабилност.

Последни вести