Соопштение за јавност
Без срам и перде ВМРО-ДПМНЕ продолжува да го политизира убиството на младиот ракометар.
И покрај тоа што случајот е расветлен, сторителите веднаш беа препознаени а потоа и приведени, тоа не ја спречи ВМРО-ДПМНЕ со денови да го политизира овој случај при тоа пласирајќи лажни вести и измислици.
По искривената логика на ВМРО-ДПМНЕ дека едно од лицата осомничени за убиството било пронајдено поради притисокот на јавноста, тогаш може Лефков треба да постави прашање дали Христијан Мицкоски му се јавил на убиецот и го натерал да се предаде?
Особено што во јавноста и низ медиумите се појавија фотографии каде осомниченото лице и Мицкоски се фотографирани во срдечна и пријателска атмосфера.
Помина времето кога убијци и сторители на кривични дела беа заштитени од политички партии, институциите, полицијата, обвинителството, денес постапуваат независно, професионално и неселективно во борбата против секаков вид на криминал.
Денес никој не е над законите, се постапува и санкционира секое кривично дело без разлика кој го сторил истото.