fbpx

Заплена на имот како последица од криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски оставка

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

САД го стави на црната листа Никола Груевски, ментор и шеф на Христијан Мицкоски, осуден криминалец во бегство.

На црната листа е и сомнителната компанија на Груевски за која допрва треба да се истражува дали служела за незаконски активности.

Во меѓувреме, од страна на надлежните институции запленет е имот како последица од криминалите поврзани со ВМРО-ДПМНЕ.

За сето ова време, Мицкоски молчи.

Молкот на Мицкоски е најголема потврда дека во оваа партија ништо не е сменето, а Мицкоски од петни жили се обидува да го брани криминалот на ВМРО-ДПМНЕ.

По сите овие признанија, по сите судски пресуди, како онаа од Титаник и по објавата на црната листа, по запленетиот имот во случајот Империја, Христијан Мицкоски треба да си поднесе оставка.

Христијан Мицкоски во времето на режимот кога се правеле криминални дејствија му беше десна рака и советник на Груевски.

Ако Мицкоски знаел за сите криминални активности, за злоупотреба на позициите, за нелегалните пари, зошто молчел, кого бранел?

Граѓаните слушнаа и за директни признанија на поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ како се правеле криминални дела.

Денес голем број од некогашните соработници на Груевски се соработници на Мицкоски и дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група.

Во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е партија раководена од Будимпешта, партија која не излегува од режимската матрица.

Последни вести