Соопштение за јавност
Честит нека е денот на трудот. Токму работниците и нивниот труд се двигател на секоја економија и општествениот развој.
Како одговорна социјалдемократска партија презедовме низа чекори за унапредување на статусот на работниците.
Преку социјален дијалог, успеавме и во време на економска и енергетска криза да обезбедиме 80.000 работници да добиваат минимална плата од најмалку 18.000 денари.
Двојно ја зголемивме минималната плата, којашто во 2017 изнесуваше само 8.800 денари.
Растот на минималната плата ќе доведе до раст и на останатите плати во сите сектори.
Социјалната правда и унапредување на работничките права за нас остануваат врвен приоритет.
Владата предводена од СДСМ е во постојана комуникација со синдикатите и работодавците за да дојде до решенија кои значат подобри услови за работа.
СДСМ продолжува да се грижи за работниците, продолжува да гради развојна економија која носи можности за повисоки плати и отворање на нови добро платени работни места.