fbpx

Блокадата на Собранието не успеа, парламентарното мнозинството работи за граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата

Два дена беа доволни јавноста, граѓаните, да видат дека не успеваат обидите на ВМРО-ДПМНЕ за блокада на Собранието.

Пропаднаа обидите за деструкција од страна на ВМРО-ДПМНЕ и ништо не се постигна, освен што се одолговлекуваше усвојувањето на дневниот ред.

Се поторшија два дена, два дена со безсмислени предлози, но сепак на крајот дневниот ред се усвои и Собранието продолжува со работа.

Со одолговлекувања никој не добива, само губат граѓаните, губи државата.

Безсмисленоста и безидејноста се гледа во предлозите коишто пратениците на ВМРО-ДПМНЕ , ги даваа во претходните два дена.

Таков е Законот за Финансиска стабилност во кој се прифатени амандмани на ВМРО-ДПМНЕ и го прифативме нивното барање истиот да се разгледува во погорните точки на дневен ред, но и за нивниот прифатлив предлог, гласаа против дневниот ред.

Законот за животна средина е важен за граѓаните, важен и според нас и според ВМРО- ДПМНЕ, ама очигледно за нив само декларативно, бидејќи со сите сили се обидуваа да не се донесе дневниот ред и гласаа против.

Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, исто така е многу важен,а наводно е значаен и за ВМРО-ДПМНЕ, сепак гласаа против и овој закон да биде на дневен ред затоа што нивните заложби се декларативни.

Одлуките за испраќање припадници во мисија, никогаш, ама никогаш не биле спорни од ниедна опозиција во сите 30 години независност, ама оваа нашава активна бојкотирачка опозиција, иако искажува наводна загриженост и важност за тие прашања да бидат на дневен ред и да се изгласаат, истите ги блокираат на Законодавно правната комисија за да нема деловничка можност за нивно носење.

Тоа е дефиниција за лицемерие, а лицемерие е второто име на ВМРО-ДПМНЕ.

Сите други предлози што јавноста ги слушна од типот втората точка да биде петта, петтата да биде осма, 7мата за биде 12та…итн, иако бесмислени и иако ги прифативме само за да излезе на виделина нивната деструктивност, сепак на крајот и за таквите сопствени предлози глсасаа против носењето на дневниот ред.

Во време на најголема светска економска и енергетска криза, Собранието мора да биде функционално и ефикасно да носи решенија во интерес на граѓаните и заштита на нивниот стандард.

Тензии, надвикувања, скокања од место, се целосно непотребни. Колку и да е голема нервозата во раководството на ВМРО-ДПМНЕ ги повикуваме пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, посебно оние кои не се соогласуваат со ваквата политика на нивното раководство, а ги има во голем број , да се одважат и да делуваат државнички, во интерес на граѓаните.

Ние пратениците од и од мнозинството и од опозицијата сме избрани од граѓаните ,тука сме за граѓаните и треба да работиме за граѓаните посебно во вакви тешки моменти поврзани со се што се случува во Европа и светот.

Блокадите по налог на Христијан Мицкоски повторно ќе бидат поразени.

Имаме одговорност пред граѓаните кои ни ја дале обврската да носиме решенија во нивен интерес, да ги надминеме сите блокади и опструкции од опозицијата, и тоа ќе продолжиме да го правиме.

Сите потребни законски решенија кои се во интерес на граѓаните и државата ќе бидат донесени без разлика на блокадите на послушниците на Христијан Мицкоски и парламентарната опозиција.

Последни вести