Соопштение за јавност
Осудениот криминалец во бегство Никола Груевски објави дека е во редовна комуникација со градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Данела Арсовска не одговара дали таа е градоначалникот кој комуницирал со Никола Груевски.
Арсовска е иста како Христијан Мицкоски, и таа молчи за Груевски.
Одамна е јасно дека оваа партија е контролирана од Будимпешта, очигледно е дека дури и градоначалници му реферираат на Груевски.
ВМРО-ДПМНЕ е партија која не се менува.
Неработата и трошењето пари на партиски вработувања е доказ дека оваа партија нема намера да се помести од режимската матрица која 11 години ја држеше државата во заложништво.