Соопштение за јавност
Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека СДСМ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство посветено работат на развој и унапредување на земјоделството па затоа во континуитет покажува неодговорно и деструктивно однесување.
И во услови на најголема економска и енергетска криза во кој се наоѓа Европа и светот, со СДСМ субвенциите се исплаќаат навремено и неселективно, а претходно без партиска книшка земјоделците не можеа да дојдат до субвенции.
Сите закони за земјоделството се во насока на унапредување на стандардот и условите за работа на земјоделците.
Меѓу нив секако е и Законот за земјоделство и рурален развој чии измени се на дневен ред во Собранието.
Овој Закон е важен за навремена исплата на субвенции на околу 20.000 тутунари за кои има обезбедено средства во висина од една милијарда и 300 милиони денари.
Откако Законот со месеци беше закочен во Комисијата за земјоделство во Собранието сега кога е на пленарна седница, сите пратеници да ги поддржат измените кои значат олеснет пристап до субвенции и повеќе пари кај земјоделците во период кога тие им се најпотребни.
Владата предводена од СДСМ се грижи за земјоделците, продолжува да инвестира во земјоделството кое е една од најважните стопански гранки.