fbpx

Арсовска не ја реконструира Универзална сала, иако има и проект и пари за реализација

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје

Почитувани,

Седум месеци поминаа од мандатот на Данела Арсовска а реконструкцијата на Универзална сала стои во место.

Реконструкцијата на овој важен објект за скопјани, но и за целата држава започна од претходната власт предводена од СДСМ и доколку Арсовска продолжеше со работа, таа ќе беше готова уште пред некој месец.

Но наместо тоа, Арсовска своето неработење и својата неспособност се обиде да ја прикрие преку манипулации дека проектот не бил безбеден иако за тоа беше демантирана од страна на стручната јавност.

Потсетуваме, средствата за реализација на овој проект се обезбедени од страна на Владата предводена од СДСМ.

Универзална сала е еден од бројните проекти кои Арсовска или ги откажа или престана да ги реализира, како што е проектот Бас рапид транзит, како што се мостовите на улицата „Љубљанска“ и булеварот „АСНОМ“.

Но Арсовска во овие седум месеци не реализираше ниту еден свој проект. Нема нови паркови, нема нови автобуси, нема бесплатен превоз.

Толку од менаџерските способности на Арсовска, таа е најнеуспешниот градоначалник што Скопје некогаш го имал.

Последни вести