Соопштение за јавност
Предлогот законот за финансирање за поврзување на локланите патишта кој беше блокиран од ВМРО-ДПМНЕ повеќе од една година, истакна пратеничката на СДСМ Даниела Николова од собраниската говорница.
Таа потсети дека овој закон е влезен собраниска процедура во март-април 2021 година, во време кога ВМРО-ДПМНЕ ја немаше локалната власт и во такви услови кога станува збор за заеми реториката на ВМРО-ДПМНе е дека ова задолжување е непотребно, неоправдано.
Од тогаш се сменија нештата, со промена на локалната власт, целосно се промени ставот на ВМРО-ДПМНЕ, толку беше од нивната грижа за граѓаните, рече Николова, нагласувајќи дека токму оваа ситуација јасно го потврдува лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ.
Единствениот мотив за блокирање на овој закон и за уште некои закони кои сега се блокирани, а носат реален бенефит за граѓаните е да се запрат и маргинализираат успешните политики на оваа власт, истакна Николовка, наведувајќи дека се блокирани законот за наставниците и стручните соработници во основното и средносто образование, законот за армијата за законот за клинички центар.
Николова ги повика пратениците да го поддржат овој закон за заем од СБ за обезбедување за изградба на локални патишта во населените места.
Овие средства нема да се користат за вазни од 180 илјади евра, за влезни врати во Белата палата, туку за градежни аактивности, за рехабилитација, реконструкција и надградба на 450 километри локални патишта во 80 општини и градот Скопје, истакна Николова.
Таа додаде дека критериумот по кој ВМРО-ДПМНЕ се водеше тогаш, а се води и сега е колку поени некој закон ќе им донесе или одземне ним.
Тука не станува збор за грижа за граѓаните и покажува колку е бесмислена актвината блокада, која ја започнаа од ВМРО-ДПМНЕ на 10 мај, но таа блокда е во континуитет и се практикува во собранието од моментот ког е формиран овој парламентарен состав, истакна Николовва, додавајќи дека кога ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени избори, го искажува своето сознание дека како поминува мандатот на нивните градоначалници така шансите за доаѓање на власт се помали.
Нивните градоначалници не направија ништо, за покавалитетен живот во Скопје и ВМРО-ДПМНЕ на власт нема започнато ниту еден капитален проект, нема паркови, не се одржува хигинеата, посточекото зеленило се уништува, неискосени се тревниците, неисчитени контејнерите и корпите за отпадоци. Се врши партизација на администрацијата се бара финансиска помош од владата, рече Николова.
Пратеничката Николова нагласи дека кај градоначалничката на Скопје, јавноста ја виде нејзината негрижа да се вклучи во решавањето на проблемот со топлинска енергија на Скопјани, таа не може да се носи со сложени проблеми, таа ја остави градската администрација без печатачи, а граѓаните без потребните документи, жителите на Шуто оризари без превоз, а пожарникарската служба без резервно гориво.
Овој закон обезбедува поквалитетен живот, унапредувањето на условите за живот и работа треба да бидат врвен приоритет а не собирањето на дневно шполитички поени, што е основен критериум на ВМРО-ДПМНЕ, порача пратеничката на СДСМ Даниела Николова од собраниската говорница.