Соопштение за јавност
Бугарски ставови влегоа во Резолуција на Европската народна партија на Конгрес на кој присуствуваше лично Христијан Мицкоски.
Истите тие позиции Мицкоски ги поддржа а потоа се криеше од граѓаните.
Сосема спротивно на Резолуцијата за македонските црвени линиии усвоена во Собранието.
Мицкоски прави штета, ги поткопува македонските позиции, ја руши државната стратегија.
Ова што денеска го говори Мицкоски е ново продолжение на тоа негово делување под маса, срамно и подло.
Мицкоски е очаен и подготвен се да распродаде за да дојде на власт, но тоа нема да се случи.
Деструкциите и блокадите на Мицкоски одново ќе бидат поразени.