Прес-конференција, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ
Почитувани,
Христијан Мицкоски е ист како и неговиот ментор, осудениот криминалец во бегство, Никола Груевски.
И Мицкоски исто како Груевски ВМРО-ДПМНЕ ја гледа единствено како алатка за лично богатење.
Мицкоски прв застана во одбрана на криминалот во неговата партија, наместо истиот да го осуди и да се огради од него.
Јавноста деновиве слушна како актуелни градоначалници и бизнисмени сведочат дека Мицкоски вршел притисок, упатувал закани за одредени тендери.
Тоа е само продолжение на праксата на Груевски кој 11 години контролираше се во државата.
Мицкоски не е поместен ниту милиметар од режимската матрица на неговиот претходник.
Деструкции, блокади, закани кон градоначалници и бизнисмени, тоа се што нудат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Судски потврдената криминална партија ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски дејствува на штета на граѓаните и сака државата да ја врати назад во режим, сиромаштија и неизвесност.
Тоа нема да им успее. СДСМ заедно со граѓаните нема да дозволи ново заложинштво на државата под режимот на ВМРО-ДПМНЕ.
Деструкциите, блокадите на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски одново ќе бидат поразени.