Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски лично учествуваше на Конгресот на Европската народна партија (ЕПП), кој донесе Резолуција, која ги промовира и поткрепува ставовите на Бугарија.
Лицемерниот Мицкоски од една страна ги поткопува државните позиции во клучни моменти за нашата интеграција во ЕУ, а од друга страна продава лажен партиозиам.
Се покажа уште еднаш дека Мицкоски едно зборува дома, сосем друго надвор, а работи против интересите на државата.
Резолуцијата на ЕПП е спротивна на Декларацијата за македонските позиции и црвени линии, донесена во македонското Собрание и поддржана од сите партии.
Јавноста уште еднаш се увери во лажниот патриотизам и нечесноста и антидржавното делување на Христијан Мицкоски.