fbpx

ВМРО-ДПМНЕ е таа која поддржа резолуција на ЕПП што ги промовира позициите на Бугарија, ставот на СДСМ и Ковачевски за државните позиции е јасен

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Бадијала ВМРО-ДПМНЕ извртува иронични изјави на премиерот на Република Албанија Еди Рама чиј сарказам е насочен кон блокадата на Бугарија кон интеграцијата на Северна Македонија и Албанија во ЕУ.

Ништо не го менува фактот дека ВМРО-ДПМНЕ како членка на Европската народна партија дала поддршка на усвојувањето Резолуција која е спротивна на државните позиции и тоа усвоена на Конгрес на ЕПП на кој учествувал лично и Христијан Мицкоси.

Ставот и на СДСМ и на премиерот Димитар Ковачевски во однос на блокадата на Бугарија, на нашите позиции и интеграцијата во ЕУ се добро познати и на домашната и на меѓународната јавност.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски продолжуваат да дејствуваат штетно по државните интереси, продолжуваат со обидите да го загрозат евроинтегративниот процес.

Таквите обиди за деструкција одново ќе бидат поразени.

Последни вести