Соопштение за јавност
Преку водење на одговорни мерки и политики СДСМ покажува што значи вистинска грижа за сите граѓани.
Како дел од нив е и воведувањето на социјалната реформа која целосно го смени начинот на грижа за ранливите групи граѓани .
Преку зголемувањето на социјалната помош за 300 проценти но и помошта и поддршката за вработување, директно се влијае на трајно извлекување од сиромаштија на оваа категорија граѓани и нивно активно учество во економскиот живот на државата.
Потврда за тоа е и фактот дека за само 6 месеци по спроведување на социјалната реформа веќе 370 од корисниците се вработени.
Тоа се 370 лица кои самостојно заработуваат и веќе не чекаат на државата.
Во моментот вкупно 27.000 семејства добиваат гарантиран минимален приход, над 27.000 деца земаат детски додаток, а повеќе од 8.500 деца примаат образовен додаток.
На овој начин ги стимулираме децата преку образование да го прекинат синџирот на сиромаштија, со цел да овозможиме подобар, поквалитетен живот за идните генерации.
За возрасните лица кои не оствариле право на пензија и немаат друг извор за егзистенција обезбедена е социјалната пензија или државната пензија која веќе опфаќа над 4.000 корисници.
Исто така, решен е и долгогодишниот проблем со стечајците. 12.000 стечајци до нивното пензионирање добиваат над 8.000 денари месечно.
Ова се само дел од мерките што извлекуваат од сиромаштија и го подобруваат животниот стандард на граѓаните од ранливите категории.
На прав пат сме, продолжуваме да инвестираме во човечкиот капитал.