fbpx

Собранието е местото за одлука околу заклучоците за европскиот предлог, Мицкоски да не бега од дебата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Собранието е местото за дебата и одлука околу заклучоците за предлог преговарачка рамка претставена од француското претседателство со ЕУ за почеток на преговорите.

Со последниот европски предлог имаме чист македонски јазик во ЕУ, без додавки и фусноти, македонскиот идентитет е целосно заштитен , а историските прашања не се дел од преговарачкиот процес.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, на кои не им успеаја крвавите сценарија креирани заедно со Левица и Алијанса, да се откажат од блокадите и деструкциите и да не бегаат од дебата за вакво важно прашање за иднината на нашите граѓани и нашата држава.

Сите политички партии, сите пратеници во Собранието треба да покажат одговорност, државност, да придонесат со дијалог, конструктивност во носењето на конечната одлука.

Пратениците од сите политички партии имаат одговорност да работат за граѓаните, а не за нечии туѓи интереси, и да обезбедат европска иднина на државата со зачуван македонски идентитет.

Последни вести