fbpx

Ако кадрите од ВМРО-ДПМНЕ не знаат како да управуваат со претпријатијата под Град Скопје, да си дадат оставки, да не им наштетуваат на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Не само градоначалниците, туку и директорите поставени од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се тешко разочарување за граѓаните.

Партизација, неспособност, барање оправдување за лошото раководење се заедничкиот именител на директорите од ВМРО-ДПМНЕ кои раководат со јавните институции и претпријатија во единиците на локалната самоуправа со кои управува опозициската партија.

Меѓу нив е и скоро поставената директорка на ЈП Комунална хигиена Скопје Косана Мазнева, блиска соработничка на Мицкоски која се заканува со повисоки сметки за граѓаните и на тој начин да ја сокрие сопствената неспособност да менаџира со претпријатието.

Нема јавно претпријатие или институција под Град Скопје каде во овие девет месеци не се јави проблем со раководењето, што покажува за капацитетот на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

Ако не знаат кадрите поставени од ВМРО-ДПМНЕ како да работат со претпријатијата и институциите во Скопје нека си дадат оставки.

Граѓаните на Скопје не заслужуваат и не смеат да трпат штети поради нивната неспособност.

Последни вести