fbpx

Генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ по повод 8-ми септември – Денот на независноста упати честитки до сите граѓани на Република Северна Македонија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„На денешен ден пред 31 година, граѓаните на демократски и достоинствен начин го остварија вековниот сон за независна, самостојна и суверена држава.

На тој историски 8 Септември 1991 година ги реализиравме заложбите и идеалите на Илинденците и учесниците во НОБ и ги поставивме темелите и стратешките цели кои го исцртаа патот по кој ќе чекори државата.

Станавме почитувана и достоинствена земја, рамо до рамо со најразвиените земји членки на безбедносниот сојуз, НАТО, земја која гради пријателства со соседите.

Чекориме исправени како народ и држава која опстојува на своите цели и идеали.

31 година оспорување и негирање, но стоички докажавме дека сме лојални и непоколебливи во својата кауза, да останеме свои, признаени од светот со сите посебности.

Пред нас е период на нови сериозни предизвици, но само обединети и сплотени заеднички ќе дојдеме до решенија.

Со посветеност, со многу работа и меѓусебно помагање ќе ја надминеме светската економска криза и последиците од неа.

Сега е време кога секој од нас треба да покаже зрелост, одговорност и државнички капацитет. Само така ќе продолжиме по патот на напредокот и ќе го оствариме аманетот на нашите предци – да ја чуваме и развиваме нашата заедничка Татковина.

Нека е честит и вековит Денот на независноста.“ се наведува во честитката на генералниот секретар Миле Зечевиќ.

Последни вести