fbpx

Само Мицкоски и неговиот коалициски партнер Апасиев се против ЕУ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Антиевропската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, во повторен обид неуставно да ги сопре евроинтеграциите.

Единствените кои се против ЕУ, во фаза кога ги започнуваме преговорите и скринингот се Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев.

Криминалната антиевропска коалиција го бара спасот за својата политичка кариера само преку блокади и назадување, на државата.

 За среќа, со ваквите очајни потези само дополнително се бетонираат во опозиција каде ќе останат долго време.

Северна Македонија ги почна преговорите со ЕУ и наша обврска како сериозна државотворна партија е на брза лента да се движиме напред.

Што поскоро разберат Мицкоски и Апасиев дека никој не ги поддржува нивните ретроградни политики, тоа подобро за нив и нивните политички кариери.

Северна Македонија веќе не запира, а проблемите кои сакаат да ги вратат на маса прорускиот Апасиев и бранителот на криминалот, Мицкоски, нема да се случат. 

Последни вести