fbpx

Шест дена шпицниот градоначалник Мицкоски молчи за неговите раце во тендерот од 136 милиони евра

Facebook
Twitter
LinkedIn

Шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски веќе шест дена молчи и не одговара за неговата улога во тендерот вреден 136 милиони евра.

Јавноста целата измината недела слушаше меѓусебни обвинувања за незаконско постапување меѓу градоначалничката на Скопје Данела Арсовска и сега поранешниот директор на ЈП Водовод и канализација Златко Перински, инаку поранешен шеф на кабинет на Христијан Мицкоски.

Откако блиски соработници на Мицкоски се фатени живи „со рацете во медот“, односно во тендерот од 136 милиони евра, инаку наменет за пречистителна станица за Скопје, шпицниот градоначалник Мицкоски се крие и не одговара за неговата улога во тендерот.

Добро е што надлежните институции започнаа да го истражуваат сомнителниот тендер од 136 милиони евра и треба овој случај да се истражи до крај, а за секој за кој ќе се докаже вина, да следува и одговорност.

Последни вести