Соопштение за јавност
Поминаа веќе 5 дена како шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски молчи за неговата улога, или со речникот на ДПМНЕ, за неговите рачиња во тендерот од 136 милиони евра.
Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ се фатени живи, со рацете во скандал тежок 136 милиони евра.
Оттука е нервозата, оттука е паниката и затоа штанцаат невистини во очаен обид дека ќе го покријат скандалот.
Не бива таа работа, особено што продолжува расколот во ВМРО ДПМНЕ, после Арсовска и Мицевски застана контра ставовите на Мицкоски.
А што се однесува до Ковачки, токму тој е дрзертер, избега од Армијата за да му служи на Мицкоски како пратеник.
Тоа што шпицниот градоначалник се крие а го вади Ковачки, вмешан во 27 април и неуспешен обид за дестабилизација на земјава во јуни, говори колку е очаен Мицкоски.