fbpx

Колумна, Васко Кичевски, претседател на Градска организација на СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Скопје ќе остане топло место за живеење

Измина точно една година од последните локални избори, избори во кои ВМРО ДПМНЕ ја доби локалната власт речиси низ цела Македонија. Денеска, само една година подоцна, гледам тотална неспособност скоро на сите градоначалници, а еклатантен пример за тоа е скопската менаџерка за која веројатно не ни треба да се пишува повеќе, едноставно не вреди да се трошат зборови.

Доколку сега ги запрашате истите тие градоначалници за состојбата и визијата за развој на општината со која раководат, ќе добиете одговор дека е криза, дека струјата е поскапена, дека нема пари, дека не знаат како ќе ја поминат зимата, дека не знаат како ќе ги платат сметките за улично осветлување и ред други изговори. Веројатно кога тераа кампања изминатата година мислеа „добро е СДСМ на свој грб ја помина корона кризата, ги донесе најтешките одлуки за развојот на државата, ја исправи државата и повторно сме на вистинскиот пат кон ЕУ, место каде сите ние припаѓаме и сакаме да живееме во едно организирано општество по терк на една Франција или Германија“. И така, ВМРО мислеше „сега ние имаме чист терен и ќе можеме лесно да покажеме како треба да се развива една општина/град“. Но, есапот дома и на пазар никогаш не е ист. Можеби корона кризата заврши, а да потсетам дека тоа не беше само здравствена криза, туку и економска криза која повлече еден куп несакани последици за бизнис секторот во Македонија, но нели 100 стапа по туѓ грб не болат. Денес, владата предводена од СДСМ се соочува и со енергетска криза, ова е истата партија која во 2017 година со пенкало бутна режим и 5 години макотрпно работи под ненормални услови, истата партија која успеа да ја внесе државата во НАТО и да отпочне преговори со ЕУ, а токму тоа е причината зошто ние денеска не зборуваме за можна нова поделба на државата или пак за меѓуетнички конфликт кој можеби би бил донесен негде однадвор. Оваа енергетска криза ќе трае и нема да заврши оваа зима, и како по обичај, оваа влада заради туѓата неспособност ќе ја преземе и ќе ја решава.

Имено, грејната сезона во Скопје и оваа година започна на време и тоа на сметка на деноноќната работа на целиот владин тим, но пред сè на премиерот Димитар Ковачевски кој користејќи ги сите средства успева да им овозможи на граѓаните на РСМ најбезболно да ја презимат оваа зима. Факт е дека Град Скопје имаше план да го преземе централното греење во градот и за таа цел власта на СДСМ во претходниот мандат го формираше јавното претпријатие „Градски енергетски системи“ АД Скопје (ГЕС) кое веројатно денеска ќе функционираше доколку пред една година резултатот на локалните избори беше поразличен. Денес, благодетите од раководењето на СДСМ за визијата и развојот на град Скопје ја чувствува сегашната градска управа бидејќи со промената на светилките и смарт решението заштедуваат 70% од потрошената електрична енергија на уличното осветлување. Веројатно скопјани ќе ги чуствуваа и останатите благодети доколку оваа власт ги продолжеше веќе започнатите проекти. Во тој случај, Скопје односно скопјани сега ќе го користеа мостот на Љубљанска, првата фаза од проектот „Бас рапид транзит“ ќе беше во полн ек, Универзална сала веќе ќе беше во функција, двата кружни тека околу подземната сообраќајница кај „Лимак“ ќе беа завршени, кружниот тек на Момин Поток ќе беше во завршна фаза.

Немањето капацитет за надминување на сопственото его, сè со цел да се подобри квалитетот на живот на граѓаните, е првата работа која треба еден политичар да ја направи кога ќе седне на жешкото градоначалничко место бидејќи мандатот ќе заврши и секој еден ќе замине, но делата се оние кои оставаат печат на мандатот кој си го поминал како градоначалник. 

Последни вести