fbpx

Ковачевски: СДСМ е на страна на тутунарите и земјоделците, повеќе пари за тутунот и нов модел за субвенции

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва присуствуваше во градот херој – Прилеп на трибина со граѓаните. Во своето обраќање пред прилепчани тој ја потенцираше важноста за вложување во земјоделството како една од најважните стопански гранки, а особено значајна сега во криза.

„Знаете дека воведовме три категории на субвенции за предаден тутун, ги зголемивме субвенциите и за житните култури, за овошјето, за раноградинарските производи.

За оваа година одвоивме дополнителни 52 милиони евра за земјоделците, над 13.000 хектари државно земјиште ставивме на располагање на земјоделците за да одгледуваат првенствено житни култури.

Добра вест за земјоделците е што го транформираме системот на субвенционирање. Од следната година сите земјоделци авансно ќе добиваат дел од субвенциите за да имаат доволно пари во период кога се сее и се подготвуваат почвата и насадите.

Ова почитувани е одговорен, државнички пристап во време на светска економска и енергетска криза.“ рече Ковачевски во Прилеп.

Ковачевски се осврна и на различниот пристап од антидржавниот и деструктивен однос на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски кој гласи: кочење, блокади и фабрикување лаги и невистини.

„Самите гледате дека овде во Прилеп нема ниту еден нов проект, можеби нешто се довршило од претходниот градоначалник од СДСМ ама нов проект нема. Нула! Ама затоа имате поскап јавен превоз, поскап паркинг.

Наместо да понудат помош и поддршка, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ удираат по џебот на граѓаните, бараат пари од Владата, а во работно време на општински настани го шетаат шпицниот кандидат Мицкоски и му реферираат пред камери. Ете затоа немаат доверба граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ, затоа изгубија на предвремените локални избори во август, затоа ќе изгубат и на редовните парламентарни избори во 2024 година.„ рече Ковачевски

Последни вести