fbpx

Ковачевски на трибината Силно и одлучно кон иднината: Мојата визија е економски силна држава, членка на ЕУ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Мојата визија е заедно со вас, да изградам економски силна и стабилна држава, полноправна членка на ЕУ, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на денешната трибина Силно и одлично кон иднината во Крива Паланка.

„Тоа е концетот за Европска Македонија. Полноправно членство во ЕУ со заштитен македонски јазик и македонски идентитет со сите обележја, како горди Македонци да бидеме во ЕУ, седнати на големата маса во Брисел, рамноправни и побогати од денеска.
Знам дека патот кон ЕУ нема да биде лесен, но на крајот од тој пат е големата награда. Со крената глава, горди и достоинствени да бидеме дел од Европската унија, македонските деца дома да ја градат иднината а нашиот народ, сите наши граѓани, да бидат сигурни и со подобар животен стандард.“ рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ и премиер, Ковачевски порача дека на редовните избори во 2024 година СДСМ ќе биде победничка коалиција и повика на обедување околу европскиот концепт.

„Јас сум решен и одлучен и ви велам дека ќе успееме. Ќе успееме заедно и во 2024 година проевропската коалиција предводена од СДСМ ќе биде победничка коалиција за Европска Македонија. Ми треба вашата поддршка, за да водам напред, за заедно да бидеме со граѓаните да работиме за граѓаните. Да продолжиме силно и одлучно!“ рече Ковачевски.

Последни вести