Соопштение за јавност
Градоначалникот на Делчево Горан Трајковски пред присутните сограѓани и гости на трибината на СДСМ под мотото „Силно и одлучно кон иднината“ во Делчево се осврна на сработеното во овој и во претходниот мандат и на идните планови и проекти со кои се создава подобар квалитет на животот на граѓаните.
Во првиот мандат во Делчево реализиравме многу капитални проекти, се вложија над 500 милиони денари инвестиции преку Владата предводена од СДСМ, од донатори, но и од општинскиот буџет- пари заштедени со домаќинско работење, и оваа прва година од вториот мандат продолживме со истото темпо, со инвестиции од над 180 милиони денари, истакна Трајковски.
Градоначалникот Трајковски нагласи дека денеска е оначен почетокот на изградбата на уште еден капитален објект, со кој Делчево ќе добие чиста вода за пиење со минимум загуби – пречистителна станица за вода за пиење со придружни објекти и фотоволтаична централа.
Изградбата на првиот современ градски пазар ќе заврши за еден месец, за кој преку владините фондови и од општинскиот буџет обезбедивме околу 45 милиони денари за изградба, соопшти Трајковски.
Градоначалникот се осврна на низа проекти во патната инфраструктура, издвојувајќи ги реконструкцијата на улиците „Скопска“ и „Орце Николов“, изградбата на локалниот пат до с. Тработивиште, кој е во завршна фаза и најави реконструкција и продолжување на дел од „Орце Николов“, изградба на улица кон социјалната зграда, проект за внатрешно уредување на градскиот пазар со паркинзи и улица, изградба на две улици: улица 3 и улица 5 во населба Пролет, проект за реконструкција на бул „Македонија“ и две улици во населба Басарица.
Со посебна гордост објавувам дека во фаза на тендерирање е изградбата на новата детска градинка во Делчево. Повеќе нема да има листа на чекање. 50 милиони денари се обезбедени од Владата на РСМ, а дел од буџетот на општина Делчево, рече Трајковски.
Тој нагласи дека ова се дел од проектите кои сведочат за мотивираноста, одговорноста, за поддршката од централната власт и нивниот слух за потребите на граѓаните на Делчево.
Граѓаните знаат да ги препознаат небулозите и да ги оценат резултатите. Знаат кој ги решава децениските проблеми, срамно чувани „под тепих“ од моите претходници, знаат дека бескомпромисно работиме за да ја сочуваме иднината, да го градиме нашето родно место во поубаво место на живеење, порача градоначалникот на Делчево Горан Трајковски на трибината на СДСМ во Делчево.