Соопштение за јавност – реакција на изнесени ставови на Христијан Мицкоски
Христијан Мицкоски денеска јавно призна дека тој и ВМРО-ДПМНЕ свесно и намерно блокирале помош од 100 милиони евра за справување со енергетската криза.
Сега ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нека им ги врати парите на граѓаните.
Како ниедна опозиција во светот, како ниеден политичар во светот ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски наместо да помогнат тие дополнително ја отежнуваат состојбата во време на светска економска и енергетска криза.
Згора на се, Мицкоски уште и се фали дека блокадата му била успешна.
За разлика од таквиот деструктивен однос, претседателот Димитар Ковачевски обезбеди 80 милиони евра од ЕУ за директна поддршка за справување со енергетската криза.
Очигледна е разликата помеѓу одговорниот државнички пристап на Ковачевски и деструкциите и неодговорното однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои по секоја цена дејствуваат на штета на државата и граѓаните.