fbpx

Хаосот во Скопје ВМРО-ДПМНЕ го продолжува со хаос во Советот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Хаосот во Скопје ВМРО-ДПМНЕ го продолжува со хаос во Советот

Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје за една година донесе хаос,​ кавги за провизии и тендери, масовна партизација,​ расипничко трошење на народните пари,​ јавни претпријатија на раб на функционалност.

Хаосот на ВМРО-ДПМНЕ продолжува во Советот на Град Скопје. Наместо за советнички прашања и за решавање на проблемите на скопјани, ВМРО-ДПМНЕ го претвори Советот на Град Скопје во мегдан за јавни кавги и лични навреди меѓу менаџерката Данела Арсовска и професорот Трајко Славески.

Ним поважни им се микрофонот и копчето за исклучување на микрофонот од развојот на Скопје и интересите на Скопјани.

Додека тие се расправаат за микрофони, но и за тендер од 136 милиони евра, за провизии и влијанија, се случи Скопје прв пат во историјата да остане без јавен превоз.

Нема бесплатен јавен превоз, ни еколошки автобуси. Наместо паркови никнуваат депонии.

Стои реконструкцијата на Универзалната сала,​ готов проект оставен од​ претходната​ локална власт.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ се игнорирани и други проекти наследени од СДСМ како​ изградбата на мостовите на булевар АСНОМ и улица Љубљанска, кружниот тек кај Момин поток, патот за Визбегово.

Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката Данела Арсовска​ го уназадија​ Градот, не реализираа​ ниту едно ветување.

Катастрофата и хаосот предизвикан од ВМРО-ДПМНЕ им прави штета на Скопјани, кои очекуваат решенија за проблемите и реализација на ветените проекти.

Последни вести