Соопштение за јавност
Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска во денешното гостување во емисијата „Студио 10“ истакна дека сите политички субјекти треба да се приклучат на процесот на интеграција кон ЕУ, затоа што тоа е државна стратешка цел.
– Добро е што се случи средбата во Собрание и за поздравување е мотивот на претседателот Ковачевски на една маса да седне со сите лидери на партиите во Собранието и да се разговара за клучни теми и стратешки цели затоа што само со заеднички дијалог може да се дојде до решение. Многу е битно да заедно да го изодиме европскиот пат и затоа сите пратеници треба да покажат одговорност, тие треба да имаат визија за тоа каде треба да оди државата, а партиите да се водат пред се од државните, а не од партиските интереси. Ги започнавме преговорите со ЕУ, Договорот со Фронтекс го потпишавме на македонски јазик и има добар напредок што треба да го искористиме“ порача Лукаревска.
Заменик претседателката Лукаревска посочи дека парламентарното мнозинство е стабилно и дека нема да има предвремени парламентарни избори.