fbpx

ВМРО-ДПМНЕ да престане преку лажни вести да ги вознемирува граѓаните, нема заразени со антракс

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност 

Нов ден, нова лажна вест од скапоцениот дворец на ВМРО-ДПМНЕ.

Ништо не се менува во опозициската партија. ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни вести, дезинформации и невистини преку кои се обидува да внесе вознемиреност кај граѓаните.
 
Министерството за здравство јавно потврди дека нема ниту еден граѓанин кој е заразен со антракс.
 
Како што информира и Агенцијата за храна и ветеринарство, засега болеста е детектирана само кај едно одгледувалиште и навреме се преземени сите потребни мерки за справување со болеста. Угинатите животни под надзор на официјален ветеринар се отстранети, во фармата е извршено темелно чистење и дезинфекција, а донесена е и  забрана за влез и излез на животни од и во одгледувалиштето. Соседните одгледувалишта се ставени под надзор на официјален ветеринар и нема нови случаи
 
Грижата на ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните е лажна и лицемерна. Истата таа партија додека беше власт во 2009 и 2015 година, криеше дека има појава на антракс во општина Сарај, односно Велес.
 
Денес ВМРО-ДПМНЕ се промовира како симбол на лажни вести и невистини и не нуди ниту една мерка во интерес на граѓаните.
 
Наместо да пласира измислици и лажни вести, ВМРО-ДПМНЕ да покаже сериозност и да престане да ги вознемирува граѓаните заради ситни дневнополитички поени.

 

Последни вести