fbpx

Ковачевски: Ја заштитивме македонската економија и животниот стандард изминативе 10 месеци

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Изминативе 10 месеци вложивме огромни напори и успеавме да ја заштитиме македонската економија и животниот стандард, но сега е време да мислиме за тоа како да одиме напред и како да направиме подобро, вели во интервју за МИА претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.

-Јас лично ќе работам на тоа да обезбедиме сигурност, подобра иднина и просперитет на сите граѓани во оваа држава, да се стремиме кон европските услови и начин на живот затоа што граѓаните заслужуваат да го имаат она што го имаат и европјаните и ништо помалку од тоа. Тоа е мојата задача, таа е мојата, тоа е нашата заедничка цел, вели Ковачевски.

Како што повеќе пати имам изјавено, ќе повторам и сега – никој не е и никој нема да биде оставен сам да се справува во оваа најтешка економско-енергетска криза, вели Ковачевски додавајќи дека и антикризните мерки од последниот пакет веќе се реализираат.

Во интервјуто Ковачевски напоменува дека од април до сега Владата ја субвенционира цена на струјата и тоа со 80%.

-Да не беше ова субвенционирање, граѓаните би плаќале 5 пати поголеми сметки од тоа што плаќаат. Истото се однесува и на 72 илјади компании на регулираниот пазар кој вработуваат најголем дел од од работниците во државата, вели Ковачевски.

Во интервјуто претседателот на СДСМ и премиер зборува и за ефектите од одлуката на Владата за основните и средни јавни училишта, компаниите од прехранбената индустрија и јавните претпријатија од областа на водостопанството да можат да склучат договор со ЕСМ Продажба и да имаат поевтина струја.

-Со оваа одлука, кај некои од пекарите веќе е регистрирано намалување на бел леб, исто така има намалување на цените на млекото кај дел од млекарниците. Во наредниот период очекуваме дека ќе има дополнително намалување на цените и кај другите производители од пекарската, од млечната и од месната индустрија, кое што намалување очекуваме да биде до 10%. Досега според податоците од ЕСМ Продажба, 187 компании од прехранбената индустрија имаат склучено договор за субвенционирана струја, вели Ковачевски.

Буџетската каса за следната година е проектирана така да може да обезбеди стабилност, сигурност, економски раст, заштита на животниот стандард и ликвидноста на компаниите во услови на криза. Од вкупниот буџет за 2023 година за антикризни мерки се издвоени 250 милиони евра, посочува премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски во денешното интервју за МИА.

Последни вести