fbpx

Андрески: СДСМ им помага на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ прави хаос и блокади

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Организациониот секретар на СДСМ Вангел Андрески, во рамките на караванот граѓански трибини во организација СДСМ по мотото „Силно и одлучно кон иднината“, денеска се обрати пред граѓаните на општина Зелениково.

СДСМ е консолидирана партија, која го слуша гласот на народот и континуирано на дело покажува што значи вистинска гржа за граѓаните, особено во ова време на тешка економска и енергетска криза, нагласи Андрески.

Огранизациониот секретар Андрески се осврна на антикризните мерки, што ги спроведува Владата на СДСМ, предводена од претседателот Димитар Ковачевски.

Антикризните мерки даваат резултат, со обезбедување на субвенционирана струја за компаниите од прехранбената индустрија, почнаа да се намалуваат цените на лебот, млекото и месото. Во наредниот период очекуваме продолжување на падот на цените до 10 отсто. Истовремено продолжува субвенционирањето на 80 отсто од сметките за електрична енергија за домаќинствата и за 72.000 мали потрошувачи, истакна Андрески, додавајќи дека истовремено ВМРО-ДПМНЕ продолжува со своето штетно и деструктивно однесување.

Андрески посочи дека ВМРО-ДПМНЕ на дело ја покажа својата неспособност и неодговорност, додедувајќи го Скопје во хаос и блокада.

ВМРО-ДПМНЕ во Скопје има градоначалничка, претседател и мнозинство во Советот и најголем дел од директори и членови на Управните одбори на јавните претпријатија и тие за една година предизвикаа катастрофа во градот. Наместо бесплатен јавен превоз, за прв пат во историјата Скопје остана без превоз. Не само што нема никакви нови проекти, туку Град Скопје не може да ги обезбеди ниту основните функции. Приватните превозници не возат, ЈСП тоне во долгови, тешка е состојбата и во други градски претпријатија, а ним им се важни само тендерите и провизиите нагласи Андрески.

Пред граѓаните на општина Зелениково се обрати и членката на ЦО на СДСМ Славица Грковска, осврнувајќи се евроинтеграцијата на државата, започнувањето на преговорите за членство во ЕУ по 17 години чекање, со заштитен маедонски јазик и идентитет.

Иднината на Македонија е гарантирана и таа е европска, друга алтернатива немаме, патот до ЕУ е долг и тежок, но придобивките се огромни. Во ЕУ нашите граѓани, нашите деца ќе живеат со повисок стандард, во општество со европски вредности, со подобар обрзаовен, социјален и здравствен систем, со просперитетна економија, затоа да се обединиме за остварување на нашата визија за економски силна и стабилна држава, полноправна членка на ЕУ, во која младите горди, ќе ја градат својата идина, порача Грковска, од трибината на СДСМ по мотото „Силно и одлучно кон иднината“, во Зелениково.

Последни вести