СДСМ искрено им благодари на сите граѓани, членови, активниски, спимпатизери, на сите поддржувачи на прогресивните политики што носат напредок и европска иднина.
Масовноста на големата национална трибина на СДСМ „Силно и одлучно кон иднината“ во Скопје и позитивната енергија говори за големата поддршка, солидарност, за бескомпромисната посветеност и преданост на нашата визија за европска, економски силна и напредна држава за сите граѓаните.
Европска Македонија е единствена и сплотена, силна и одлучна. Време е за обединување околу европскиот пат.
Сега кога конечно тргнавме напред кон европската иднина, да се обединиме, за да продолжиме многу побрзо, со стабилност, извесност и чувство за национална гордост и важност.
Заедно да покажеме дека европската интеграција ни е приоритет, затоа што значи ред и поредок, економски стандард, безбедност и подобар и побогат живот.
Да покажеме дека македонското име, македонскиот јазик се конечно обезбедени и никој повеќе нема и не смее да ги оспорува.
Да покажеме дека со многу работа, врвна чесност и максимална одговорност ќе направиме подобра, европска иднина за граѓаните.
Ова е време, шанса конечно да ја средиме државата, време е за целосен општествен консензус за европскиот пат и европската иднина.
СДСМ како најголема, најсилна и државотворна партија е гарант на европската иднина, на економски силна и просперитетна држава.