fbpx

Буџетот за 2023 е развоен и обебзедува економски раст, сите пратеници да го поддржа

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Даниела Колева, пратеничка на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

На пленарна седница денеска на дневен ред е Буџетот за 2023 година, доставен од Владата.

Буџетот за 2023 година е развоен, обезбедува стабилност, економски раст и истиот е одговор на последиците од светската економска криза.

250 милиони евра од вкупниот буџет се наменети за нови мерки за помош и поддршка на граѓаните.

1,2 милијарди денари или 120 милиони евра се предвидени за ново зголемување на пензиите кое ќе се случи во март следната година.

8000 милиони евра се предвидени за нови капитални инвестиции, а поддршка има и за општините за кои се наменети 433,9 милиони евра.

Обезбедени се средства и за реализација на стратешките реформи важни за трансформација на општеството но и за преговарачкиот процес.

Со Буџетот за 2023 и со мерките и политиките што ги преземаме, следната година ќе биде година на економски пресврт.

Правиме општествена промена, преку енергетската транзиција, нови странски директни инвестиции и силна поддршка за граѓаните и домашната економија.

Повикуваме, сите пратеници да дадат поддршка на Буџетот кој е важен за граѓаните и за македонската економија.

Како одговорно парламентарно мнозинство продолжуваме со вистинска грижа за сите граѓани, со вистинска грижа за македонската економија.

Последни вести