Изјава за медиуми, Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје
Почитувани,
Заради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ, заради кавгите и рацете во медот, Град Скопје е во целосен хаос.
За само една година ВМРО-ДПМНЕ направи пепел од Скопје. Неработење, хаос и кавги за тендери, тоа е нивниот учинок.
Денес, Скопје е нефункционален град со нефункционални јавни претпријатија и нефункционална градска администрација.
Граѓаните се оставени без јавен превоз, ЈСП тонe во долгови, а катастрофална е ситуацијата и во други јавни градски претпријатија.
Додека Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ се караат, меѓусебно се клеветат и закануваат, граѓаните трпат штета.
СДСМ, преку својата советничка група прави и ќе прави се за да се заштитат интересите на Градот и на граѓаните.
Скопјани не заслужуваат ваква деструктивна, неодговорна градска власт.