fbpx

Шкријељ: Најранливите категории ќе добијат по 3.000 денари месечно во јануари, февруари и март

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Пратеничката на СДСМ Санела Шкријељ при реплика на собраниската седница посветена на предлог буџетот за 2023 година и порача на опозицијата дека не е во ред да шират лаги и невистини за работи кои може лесно да се проверат од јавно достапни податоци.

Моменталниот број на корисници на гаранитрана минимална помош е 36.000. Како резултат на пандемијата, економската, енергетската криза има зголемен број семејства во социјален ризик, од 32.300 во 2020 година, меѓутоа во вакви кризи нема земја каде што нема пораст на сиромаштија и семејства во социјален ризик, меѓутоа работата е да имате систем на социјална заштита којшто може да се адаптира и да одговори на тие потреби, нагласи пратеничката Шкријељ.

Пратеничката Шкријељ истакна дека не може да нема зголемување на износот што е предвиден за социјални трансфери кога собранието изгласа Закон за финансиска поддршка за ранливите категории на граѓани.

Тоа значи дека во јануари, февруари и март најранливите категории ќе имаат исплата од 3.000 денари месечно, вклучително и оние што се корисници на социјална сигурност, право на попреченост, право на посебен додаток, самохраните родители, стечајците, истакна Шкријељ, додавајќи дека зголемување на износот на социјални трансфери има и поради зголемување на износот на посебниот додаток за 15 проценти.

За мене тоа не е расипничко трошење и расипнички буџет, бидејќи обврска на секоја влада е во услови на криза да помага токму на оние што се најранливи. ММФ, Светска банка препорачуваат таргетирани мерки за најранливите, тоа не е расипничко трошење, расипничко трошење беше она на одредени министри за финансии: немаме за леб ама имаме за чоколади, порача пратеничката на СДСМ Санела Шкријељ.

Последни вести