fbpx

Најголеми лаги на Мицкоски во 2022 година, лага 2: Нема да почнеме преговори со ЕУ!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

Почитувани,

Христијан Мицкоски, заложникот на Димитар Апасиев се што правеше во оваа 2022 година беа лаги и деструкции.

Во годината во која започнавме преговори со ЕУ ќе остане запаметено дека Мицкоски се што кажа излажа.

Првата и најголема негова голема лага беше дека со прифаќањето на европскиот предлог, ќе следувале асимилација и бугаризација.

Втора најголема лага на Мицкоски во 2022 е тоа дека нема да започнеме преговорите со ЕУ.

„Македонија нема ниту скрининг ниту почеток на преговори со ЕУ“

„Албанија ќе преговара а ние ќе седиме во чекалната“

Ова беа зборовите, ова беа лагите на Мицкоски кој тврдеше дека преговорите за членство во ЕУ е недостижна цел.

Но и оваа лага на Мицкоски многу бргу потона.

Започнавме преговори со ЕУ на 19 јули. Скринингот е веќе во тек, и што е уште поважно започнавме преговори со заштитен македонски јазик и идениттет.

На првата Меѓувладина конференција, тоа беше соопштено јасно и недвосмислено во Брисел, од страна на високи европски претставници.

Ќе остане запаметено дека Мицкоски и неговите пратеници со сите сили се противеа на усвојувањето на европскиот предлог кој обезбеди почеток на преговорите со ЕУ, после 17 години минати во чекалната.

Мицкоски го лаже народот, слаб е и нема став. Затоа што е во целосно заложништво на Апасиев и на погрешна страна на историјата.

На Мицкоски не може да му се верува.

Последни вести