fbpx

Загаден воздух во Скопје, а локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ ги намали парите за 44 %

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје

Почитувани,

Загадувањето на воздухот во Скопје останува горчлива и алармантна тема, која директно го засега најскапото нешто – здравјето на скопјани.

Додека скопјани дишат енормно загаден воздух, локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ ги намали средствата за заштита на животната средина за дури 44 %.

Во 2022 година во буџетот беа предвидени 88 милиони денари, а за оваа година сумата е речиси преполовена, на само 49 милиони денари.

Таков е буџетот на Град Скопје којшто со аплауз го изгласаа советниците на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, и во кој парите за заштита на животната средина се намалени за 44 %.

Ваквото намалување на средствата е сериозен удар врз капацитетите коишто се борат против загрозувањето на животната средина, а со ваковиот пристап на ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска, Скопје уште долго време ќе биде на врвот на најзагадени градови во светот.

Измина цела година откако локалната власт е во рацете на ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција, заедно со Левица и нивната градоначалничка Арсовска.

Буквално една година е потрошена на кавги за тендери и провизии, а за загадениот воздух локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не направи ништо.

За жал, сите ние скапо ја плаќаме цената за тоа неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ.

За време на изборите ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска ветуваа низа мерки, Мицкоски ветуваше 100 електрични автобуси, и од тоа не само што нема ништо туку состојбата е драматично влошена.

Проблемот, односно хаосот со јавниот превоз создаде дополнителен притисок кој директно влијае врз зголемувањето на загадувањето во градот.

ЈСП е нефункционално, приватните превозници не возат, нема инвестиција во еколошки мерки за транспортот, дури нема ниту времени мерки за бесплатен јавен превоз.

Сето тоа предизвика да се зголеми користењето на возилата во Скопје, а со тоа да порасне и загаденоста на воздухот.

Нема ништо од најавуваните 100 електрични автобуси, лично од страна на Христијан Мицкоски.

Блокирањето на проектот за современ еколошки јавен транспорт во Скопје, познат како БРТ, се покажува како исклучително штетна одлука на ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска.

ВМРО-ДПМНЕ за трипати ги намали средствата за заштита на животната средина во буџетот на Град Скопје, а реализацијата на програмата за животна средина беше едвај 4 % до третиот квартал на 2022 година.

Значи едно големо ништо!

Сериозно беа намалени и парите за субвенционирање на набавката на еколошко греење.

Нема ниту еден од петте најавувани мега паркови. Хигиената во градот е на најлошо ниво, дивите депонии не само што не се чистат туку постојано никнуваат и нови.

За жал, скопјани и оваа година може да очекуваат од лошо полошо со ваква неодговорна локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

Последни вести