Прес-конференција на СДСМ, Даниела Николова, пратеничка на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Целосно незнаење за енергетика покажа Христијан Мицкоски, заложникот на Димитар Апасиев и Левица.
Со месеци Мицкоски ја лажеше и плашеше јавноста дека енергетскиот сектор е пред колапс, дека нема да имаме доволно струја и енергенси за грејната сезона.
Реалноста е сосема поинаква. Денес, за првпат во 70 години, со полна пареа работат сите енергетски капацитети во државата и задоволуваат 100 проценти од потребите.
За прв пат среде зима се врши и извоз на вишоци електрична енергија од домашно производство.
Ако надлежните го слушаа Мицкоски да се набави гас одеднаш за цела грејна сезона, сега државата ќе беше во загуба од стотици милиони евра, затоа што во периодот кога Мицкоски бараше набавка, цената на природниот гас рушеше рекорди.
Лажеше Мицкоски и дека цената на електрична енергија драстично ќе се зголеми, ги плашеше граѓаните со ценовни шокови.
Денес, цената на струјата е намалена за 20 отсто, за околу 70.000 мали компании, коишто се на регулираниот пазар, 99,2 отсто од домаќинствата немаат зголемени цени на електрична енергија.
Сé што кажа Христијан Мицкоски за енергетската криза излажа, сé што предвиде, излезе обратно. Се докажа дека Мицкоски нема познавања ниту од енергетика ниту од економија, се што тој прави е што шири лажни вести и измислици со кои се обидува да ја вознемирува јавноста.