fbpx

Костовски: Секој кој е вмешан во инцидентите е припадник, член или симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Пратеникот на СДСМ Мартин Костовски во емисијата „Објектив“ на македонската телвизија истакна дека оваа е круцијално значајна година за државата, која отвора големи можности за македонскиот народ, по децениската борба за отпочнување преговори со Европската унија, сега претстојат уште уставни измени.

Во последниот период се случуваат чести инциденти, а кој стои позади ова? Многу храбро вперуваме прст во Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ и Левица, кои се анти-НАТО и анти-ЕУ партии, а поврзаноста се потврдува со примери, секретарот на клубот „Цар Борис“ е член на ВМРО-ДПМНЕ, сликан Мицкоски, Николоски, напаѓачот е симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ, рече Костовски.

Тој истакна дека е многу чудно секој кој е вмешан во инцидентите има слика со Христијан Мицкоски, или е припадник, член, симпатизер, па дури и вработен од градоначалникот на Охрид, а ВМРО-ДПМНЕ не се огради од тие луѓе, не го осуди настанот.

Пратеникот Костовски запраша каква е нивната усмена заложба за ЕУ, кога инсценираат инциденти и прават опструкции.

Не оправдуваме ни насилство, ни провокации, рече Костовски и повка страстите да спласнат.

Најлесно е да се запали фитилот, популистите, немајќи реални понуди наоѓаат закрила во национализам. На 4 февруари да покажеме дека може да се направи убаво чествување на раѓањето на доајенот на македонската држава, да бидеме прибрани и рационални, наша цел се преговори и членство во ЕУ до 2030 година, истакна Костовски.

Последни вести