fbpx

ВМРО-ДПМНЕ треба да го напушти радикализмот, навредите и поделбите и да се надмине

Facebook
Twitter
LinkedIn

Оваа власт го доби мандатот во 2020 година на предвремени парламентарни избори и тој мандат трае до 2024 година, порача пратеничката на СДСМ, Снежана Калеска Ванчева во реплика на денешната собраниска седница.

Калеска Ванчева порача дека треба обединување околу стратешките национални интереси и го повика ВМРО-ДПМНЕ да се надмине и да ги напушти навредите, поделбите и радикализмот.

„Ни треба обединување, национален фронт да изградиме за националните интереси и заедно да изградиме функционално Собрание и функционални органи на државата, функционални институции. Од Алијанса за Албанците тоа го препознаа и се надминаа се издигнаа и влегоа во фронтот кој се вика европска просперитетна Македонија“ порача пратеничката Калеска Ванчева.

Последни вести