fbpx

Победи правдата, обидот на ВМРО-ДПМНЕ за ништење на правната држава пропадна

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Победи правната држава, победи правдата.

Во името на пратеничката група и вредностите на СДСМ за правда и правичност ја поздравувме денешната одлуката на Европскиот суд за човекови права.

Со оваа одлука, апликациите на поранешните функционери на ВМРО-ДМПНЕ, на кои поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов се обиде да им даде незаконски помилувања, се недозволени.

Важно е исто така што нема прекршување на човековите права во кривичниот прогон на членовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Пропадна незаконската аболиција.

ВМРО-ДПМНЕ изгуби. Нивниот обид за ништење на правната држава, уште еднаш, се покажа неуспешен.

Постапките продолжуваат пред домашните судови, бидејќи е нелегитимно да се прескокнуваат македонските судови.

Оттука натаму, независната судска власт има одговорност и обврска пред граѓаните и законите да ги доведе до крај кривичните постапки кои се предмет на пресудата.

Владеењето на правото и правната држава во која одговорност пред законите е еднаква за сите без разлика на политичка, верска, национална или било каква припадност се врвни приоритети на СДСМ во градењето праведно и правично оштество.

Ние како дел од парламентарното мнозинство, ќе продолжиме со спроведување на потребните реформи кои ќе обезбедат уште поголема независност и професионалност на правосудството.

Последни вести