fbpx

Економски резултати на СДСМ и во кризна година, поголеми плати и пензии, највисок поврат на ДДВ од 727 милиони евра

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во минатата, кризна 2022 година имаме најголем поврат на ДДВ кон стопанството во историјата на нашата држава од 727 милиони евра, порача од собраниската говорница пратеничката на СДСМ Лидија Тасевска.

„Имаме и најмала стапка на невработеност од 14,3 отсто која продолжува и натаму да паѓа. Воведовме систем на долгорочно зголемување на минималната плата, нешто што во време на ВМРО-ДПМНЕ беше незамисливо. Во март минималната плата ќе изнесува 20.200 денари. Седум квартали по ред имаме раст на БДП и тој продолжува да расте“ порача во својата реплика Тасевска.

Тасевска истакна дека пакетите антикризни мерки што ги презеде СДСМ, од страна на Светска Банка се нотирани како најуспешни во регионот.

Последни вести